Коските во човековиот организам се јавуваат во различни форми. Покрајголемата разновидност во формата која ја презентираат коските макроскопскиможе да се поделат на неколку групи: долги кратки плочести ирегуларни(комбинација од претходните групи) и сезамоидни коски. Долгите коски сеодликуваат со метафизарни и епифизарни краишта и централен долг дијафизарендел со масивна кортикална обвивка и медуларен канал со спонгиозно коскеноткиво и коскена срцевина. (хумерус фемур тибија метакарпални метатарзалникоски коските на фалангите и др.) За разлика од нив кратките коски како например карпалните тарзалните и прешленските тела се одликуваат со малиразлики во димензиите во различни правци. Плочестите коски како скапулата истернумот се во една димензија многу пократки отколку во другите две димензии.